Консумирањето чоколадо, повеќе од еднаш неделно, делува добро на вашето срце

Конзумирање на чоколадо повеќе од еднаш неделно може да помогне во намалување на ризикот од срцеви заболувања, покажало новото истражување.
Европското здружение за кардиологија објави нова комбинирана анализа во која биле вклучени повеќе од 336,000 учесници.
Студијата е објавена во Европскиот журнал за превентивна кардиологија и објаснува дека е докажано дека потрошувачката на чоколадо повеќе од еднаш неделно прави добро за вашето срце.
Секако, бидете умерени и не претерувајте со вкусното задоволство, но не треба ниту да ве гризе вашата совест ако не можете да си го замислите денот без чоколадо, велат истражувачите, пишува LadBible.

“Нашата студија сугерира дека чоколадото помага во одржување на кардиоваскуларното здравје. Во минатото, клиничките истражувања покажаа дека чоколадото е корисно и’ за крвниот притисок и’ за крвните садови. Чоколадото содржи хранливи својства кои се добри за срцето, како што се ксантин, полифеноли и стеаринска киселина”, рекол авторот на студијата д-р Чајакрит Кританавонг од Медицинскиот факултет „Бејлор“ во Тексас.
Препорачливо е да консумирате неколку пати неделно, а добрата вест е што не е утврдено кој вид чоколадо е најдобар, па можете да изберете сами.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ДО КРАЈОТ НА ДЕНОВ НЕСТАБИЛНО СО ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Локално се очекуваат поинтензивни Атмосферски процеси – Очекувајте невреме

Метео прогноза на Славчо Попоски: Под влијание на циклонска активност од запад, до крајот на …