Комплексот го чинел живот: Бизнисмен бил на пресадување на коса па умрел на операција!

Незадоволни со својот изглед поединци прибегнуваат кон естетски операции за да ги „поправат“ недостатоците. Во желба да изгледаат „општествено прифатливи“ забораваат дека и естетската е сепак операција и дека многу работи можат да тргнат на лоша страна.
Секоја естетска операција треба да се набљудува не само како естетски зафат туку и како операција, што значи дека оној кој го изведува зафатот мора да се однесува исклучително одговорно.
Имено, бизнисменот Шраван Кумар од Индија бил на операција на трансплантација на коса во приватна клиника во Мумбаи. За таа операција платил 500.000 рупии, што е околу 5.400 евра.Крајот на операцијата не ја дочекал, умрел на операционата маса, поради алергиски реакции, пренесува Daily Mail.
Лекарот кој ја извел трансплантацијата рекол дека пациентот од него барал да му пресади 9.000 фоликули, што е три пати повеќе од препорачаниот број.
Иако нема информации за тоа дали докторот прифатил, познато е дека алергиска реакција добил откако му биле пресадени 3.700 фоликули, како и дека зафатот траел 12. часови. И тоа е отприлика двојно повеќе од максимумот кој се препорачува.
Истрагата за овој случај е во тек, а тешко е да се каже причината за смртта, како и дали имало шанси за пациентот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …