Каролина во живо со својата “Best Of” програма на први Март

Вечерва во клубот Pure во Скопје со почеток во 21:00 часот ќе може да уживате во концертот на Каролина.

Први март одамна е празник во Македонија. Го викаат денот на Каролина…А, ние секогаш ги знаевме вашите желби, уште пред да ги помислите.


Поради тоа, после толку време, со обострана желба за заемна дружба, решивме конечно да организираме дружење со Каролина и нејзините фанови токму на ,,Први март” и во форма на двочасовно патување и ,,Best of” пресек на нејзината кариера… во ноќниот клуб Pure – местото кое изминатиов период ги угости Џибони, Бајага, Прљаво Казалиште, помеѓу останатите, се вели во објавата од Авалон продукција.

Влезниците за овој концерт се распродадени а најавен е втор концерт во сабота на 2ри март.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Падот на Масада“ вечерва во Драмски

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот ќе биде изведена театарската …