Гала филмска вечер „Страста на Доден Буфан“

Во Градското Кино Милениум, вечерва во 20:00 часот, Францускиот институт во Скопје организира уште една гала француска филмска вечер со филм, номиниран за 3 Цезари во 2024 и лауреат на Наградата за сценографија на Канскиот фестивал 2023.

СТРАСТА НА ДОДЕН БУФАН
на Тран Ан Хунг (2023; 2h 16min.)
со Жилиет Бинош, Беноа Мажимел, Емануел Саленже.


Со превод на македонски јазик.

За да присуствувате на гала филмската вечер, ве молиме да резервирате бесплатни билети на culture@ifs.mk Едно лице може да резервира најмногу 3 билети.


Критики во француските медиуми:
• Создаден за врвно уживање, во филмот на неверојатен начин се прикажани уметноста на грижливо готвењето и свесната дегустација. („Банд а пар“)

• Предупредување: филмот ќе ги стопи и најтврдите срца. Сниман со неверојатна префинетост и нежност, „Страста на Доден Буфан“ е мало чудо кое ќе направи да се вљубите во двојката Жилиет Бинош и Беноа Мажимел како никогаш досега. („Екран ларж“)


• Тран Ан Хунг ни приредува фестивал во сите бои преку подготвување оброци, нивно служење и дегустација, во опуштен амбиент во којшто забавното преминува во суштинско. („Франс Инфо Култур“).

 

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …