Какво време не очекува во втората половина на октомври!

Екстремно топло со потпросечни врнежи се карактеристиките на временските прогнози за втората половина од октомври.
Од УХМР наведуваат дека според измерените вредности за среднодневната темпрература на воздухот првата декада од октомври се категоризира како вообичаена, но што се однесува на втората декада, земајќи предвид и прогнозираните температури до крајот на втората декада, се категоризира како екстремно топла, освен на западниот планински дел и се очекува да го надмине многугодишниот просек од три до пет степени.
Рекордните вредности на максималната температура на воздухот на повеќето метеоролошки станици во октомври не ги надминуваат многугодишните апсолутни вредности.

Највисоката температура во октомври годинава е измерена во Гевгелија од 32,6 степени, додека максималната измерена досега на ова мерно место е 35,4 степени. Максимално измерените темпратури во периодот од 1951 до 2018 година за октомври се 34,5 степени во Демир Капија, Штип 34,1, Скопје 33,6, Струмица 32,2, Прилеп 32,3, Битола 31,8, Крива Паланка 31,3, Охрид 28,9, Берово 31,5, Маврово 27,3 и Лазарополе 27,4 Целзиусови степени.
Инаку, кај нас се очекува мала промена на временската состојба која ќе биде проследена со локална позначителна облачност а ќе има услови и за локален краткотраен дожд и ретки грмежи.
Дождот ќе биде со слаб интензитет и тоа нема да биде ништо значително за да ја ублажи сушата која ја зафати територијата на Македонија.
Сепак и покрај малата промена на времето температурите на воздухот ќе останат многу високи за овој дел од годината и истите ќе се искачуваат во интервалот од 22. до 28. степени. Во најтоплите региони истите се очекува да се искачат повторно до околу 30. степени. Ќе започне да дува и слаб до умерен ветер но ќе биде од променлив правец.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …