(ФОТО) „Макфест“ како дел од нашата реалност – СЕ СОГЛАСУВАМЕ СО СТОЈАН ТРОИЦКИ: „Вака повеќе не може!“

После многуте написи за лошиот фестивал, неорганизираноста, нетранспарентноста…и да не набројуваме повеќе бидејќи се ќе биде со почетните не…на Фејсбукс се огласи и долгогодишниот директор и човекот кој го измисли и успешно туркаше, и во меѓународните води, нашиот најдобар и најквалитетен фестивал…Но, само додека тој,Стојан Троицки, беше на негово чело…
„Вчера,некаде околу 21,30 часот на Канал 5 телевизија,во емисијата Бекстјџ,беа изречени многу остри критики и обвинувања на адреса на штптукозавршениот Макфест.Двајца млади луѓе ,директно во камера пренесоа нивни импресии за лошата опрганизација фрлија сомнеж за некакви можеби коруптивни активности:
Како штипјанец и долгогодишен креатор на овој Фестивал не можам да останам рамнодушен,па одлучив да споделам неколку информации.
Во далеката 1989 година бев на Фестивалот ,,Ваш шлагер сезоне,, во Сараево.Овде присуствуваа скоро сите директори на тогашните најдобри југословенски фестивали.Бевме гости на Никша Дабовиќ,директор на Фестивалот.Победи Сенад из Босне.Но,утредена кога се спемавме да отпатуваме разбравме дека истиотуеуапсен,односно,птитвроен зарадеи местење-лажирање на Фестивалот.,Толку.
Вчерашното сведочење на младите учесници ме потсети на таа епизода од Сараево.И овде толку.
Не знам кој го контролира штипскиот фестивал и дали некој се грижи за него или тој служи за саморекламирање на нашите локалци.А некогаш Макфест беше меѓунаронда манифестација.Прочитав многу лоши информации за состојбите со него иако веќе со године лека полека се разградува сето она што го сработивме со голем број соработници.
И замислете парадокс.Јас сеуште сум жив и здрав,тука на дофат на локалната самоуправа не сум протоколарно поканет на Фестивалот,а камо ли да бидам повикан за да помогнам и да се сопре или спречи понатамошното негово руинирање.Толку.Прикаџната е многу голема можеби некогаш некој ќе се позанимава со неговата историја.


„Драги мој Ацо, фала ти. Се’ снаеш, но моето враќање не зависи од мене. Не верував дека моите најблиски соработници така лесно ќе ме издадат и предадат од политички причини. Но, ќе видиме што ќе се случи. Вака повеќе не оди. Поголема бламажа немало, иако оваа година продуцентите малку го поткренаа музичкото ниво. Срдечно те поздравувам и се сеќавам на секоја наша средба во Сплит, Љубљана, Штип…“, му одговори Троицки на извесен Ацо, на неговиот коментар.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …