Какво време не очекува во наредните пет дена: ТОПОЛ БРАН но и…

Од УХМР најавуваат дека продолжува топлиот бран: Продолжува периодот на стабилно и натпросечно топло време, a до четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури.
Денеска (вторник) ќе биде сончево и натпросечно топло, во северните делови со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а попладне особено во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.Дневните температури ќе се движат од 34. до 42. степени на југот на земјата. УВ=9
За среда се најавува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 34. до 41. степени на југот на земјата.УВ=9


Во четврток се очекува сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минимална температура: 13°C до 24°C. Максимална температура: 34°C до 41°C. УВ=9
Во петок ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, попладне со умерен до засилен северозападен ветер. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Минимална температура: 12°C до 22°C. Максимална температура: 29°C до 38°C. УВ=8
За сабота, засега, се очекува претежно сончево и топло со слаб до умерен северозападен ветер. Минимална температура: 10°C до 20°C. Максимална температура: 30°C до 38°C. УВ=9


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …