Какво време не очекува оваа седмица?

Под влијание на серија на влажни и постудени воздушни маси од северозапад, во текот на новата седмица која што ни следува во Македонија ќе имаме многу променливо време. Првиот и вториот ден од новата работна седмица (понеделник и вторник) ни носат постабилно и релативно суво време. Веќе нови врнежи од дожд, локално и обилни ќе имаме во среда попладне и во вечерните часови.

Потоа во четврток повторно ќе имаме краткотрајна стабилизација на времето, а веќе во петок, како и за време на викендот ќе имаме нови врнежи од дожд, локално повторно тие ќе бидат обилни. За време на овие влажни бранови, локално не се исклучува можноста и за појава на нестабилност, проследена со пороен дожд и грмежи.


Повремено ќе дува засилен ветер од северен правец, особено во среда попладне и навечер, и повторно во петок, како и за време на викендот кога ќе бидеме под влијание на постуден воздушен бран од север.

Мора да напоменеме дека на високите планини (околу и над 2000 м.н.в ќе има врнежи од снег). Повремено снежната граница ќе се спушта и на планините од под 2000 метри. Во Скопје и околината ќе имаме слично време.


Наутро температурите речиси насекаде ќе се спуштаат под 10 степени, а понекаде и поид 5 степени, додека во Малешевијата, како и на високите места и на планините тие повремено ќе се спуштаат и за некој степен под нулата.

Првиот мраз за оваа сезона во Македонија и тоа на повеќе места го очекуваме за време на следниот викенд, како и во текот на следната седмица по него, пишува Славчо Попоски.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

АПЕЛИРАМЕ НА ВНИМАТЕЛНОСТ – МОЖНИ СЕ ШТЕТИ: Од ноќта сабота кон недела во Македонија доаѓа силно невреме, кое ќе продолжи и наредната недела

Метео прогноза на Славчо Попоски Почитувани наши, топлиот бран кој особено од викендот ќе ја …