Како да разликувате Ковид-19 од грип: Важен е редоследот на симптомите

Симптомите на болеста ковид-19, кои вклучуваат треска и кашлица, се многу слични на некои други болести, а една од нив секако е грип.
Бидејќи се приближува сезоната на грип, како е полесно да се разликува за која болест станува збор? Една нова студија малку ја олесни оваа состојба и новите податоци може да им помогнат на луѓето полесно да ги разликуваат симптомите.
Научниците од Универзитетот во Калифорнија успеаја да препознаат по кој редослед се појавуваат симптомите. Оваа информација исто така може да му помогне на лицето кое ги препознава симптомите што поскоро да премине во самоизолација, што секако ќе ги ублажи последиците.
„Редоследот по кој се појавуваат симптомите е особено важен кога имаме преклопни болести, како што се грип и ковид-19, чии симптоми се многу слични“, рекол Питер Кун, лекар и професор на универзитетот. „Лекарите исто така можат да утврдат какви чекори да преземат за да се грижат подобро за пациентот и да спречат сериозни последици“.


Научниците користеле познати податоци
Со цел да се предвиди редоследот на појава на симптомите на болеста, тие ги анализирале податоците собрани од Светската здравствена организација од 55.000 заразени лица во Кина. За да ги споредат симптомите на оваа болест и грипот, научниците анализирале и податоци од 2.000 позитивни случаи во Америка и Европа.

По кој редослед се појавуваат симптомите?
Според студијата, ова е редоследот на симптомите на ковид-19:
1. Треска 2. Кашлица и болка во мускулите 3. Гадење и повраќање 4. Дијареа
„Истражувањата покажуваат дека пациентите со грип најверојатно страдаат од кашлица, а потоа треска“, објаснува д-р Роберт Глејтер.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Свети Василиј Острошки

Свети Василиј Острошки Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости но благочестиви. Од …