(ВИДЕО) Нико Розберг пазарил хрватски хиперавтомобил

Поранешниот возач и шампион во Формула 1, Нико Розберг, се почестил со електричен спортски автомобил со хрватско прозводство.
Кога најдобрите светски возачи купуваат возило за себе, тоа е внимателно следено бидејќи ни открива до одреден степен како размислуваат, и уште поважно, што сметаат дека вреди да си купат професионалните возачи во светот на скапите спортски автомобили.
Така, шампионот во Формула 1 од 2016. година, Нико Розберг, кој се пензионираше пред неколку години, го свртува нашето внимание кон веќе докажаната хрватска марка „Римац“. Така, тој повторно покажува дека е голем љубител на напредните технологии и дека размислува за „позелена“ иднина.


Нико неодамна ја посетил фабриката во Хрватска за да ја избере вистинската конфигурација за неговиот хиперавтомобил, што ќе му биде доставен во 2021. година. Тој го избрал моделот C_Two, кој ќе го поседуваат само 150. луѓе ширум светот. Овој електричен спортист достигнува 100. км на час за 1,85 секунди, а максималната брзина е 412. км на час.



Погледнете каков вид на C_Two избра Нико Розберг.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …