(ВИДЕО) ПРЕТЕРАНО ИЛИ НЕ? Обожавателите плаќаат авионски карти за да одат во кината каде ќе се прикажува „Тенет“ на Нолан

Неколкумина Американци и Европејци ќе плаќаат за билети за авион, воз и автобус за да патуваат во градот каде што ќе можат да го погледнат најновиот филм на Кристофер Нолан „Тенет“. Голем број од нив ќе потрошат стотици долари,а сето тоа поради еднодневно патување и филм кој трае нешто повеќе од два часа.
Тајлер Томпкинс платил авионски билет за да замине од Калифорнија во Остин и таму да го прегледа новото достигнување на Кристофер Нолан „Тенет“. Инвестирал 220. долари во билетот, а неговиот план изгледа вака: На 1. септември ќе лета три часа за да пристигне на премиерата во Остин, филмот потоа ќе го гледа двапати, а потоа ќе се врати во Калифорнија.
“Поентата на целото патување е да гледам филм во кино. Тоа е специјално искуство. Моите пријатели мислат дека сум луд затоа што одам на толку долго патување заради филмот, но навистина сакам да го поддржам ова достигнување и ќе направам се’ што можам за да го гледам”, изјавил Томпкинс за „Варајети“.
Друг љубител на кино во Лос Анџелес објаснил дека ваквите потези потсетуваат на период кога љубителите на франшизата „Војна на Sвездите“ кампувале пред благајните за да успеат да купат билети за премиерата.


“Исто така, тоа ме асоцира на тоа дека илјадници луѓе се туркаат во редови за да го купат најновиот iPhone. Знам дека е глупаво да се купи авионски билет за да одам на кино во друг дел од државата, но тоа е нешто што го сакам”, рекол тој, не откривајќи го неговиот име.
Но, Американците не се единствените што купуваат билети за други градови и држави за да го погледнат филмот. Имено, голем број Европејци обезбедиле билети за автобуси, воз и авиони, сите во желба да се осигурат дека ќе го доживуваат најновиот филм на Нолан на најдобар можен начин.
“Купив билет, а потоа Велика Британија одлучи да го ограничи влезот во земјата за туристите од Франција. Се чувствував очајно”, рекол парижанецот Франк Ланиел, објаснувајќи дека купил билет за Лондон на почетокот на август за да го гледа филмот на 5. септември во кино.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …