ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-Скопје апелира до граѓаните редовно да ги плаќаат побарувањата

ЈП Комунална хигиена-Скопје апелира до своите корисници преку редовно и навремено плаќање на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад да придонесат за ефикасно одржување на хигиената и чистотата на градот Скопје.

 „Во текот на изминатите два месеца, ЈП Комунална хигиена-Скопје спроведе низа вонредни мерки и активности со цел максимално да се заштити колективното здравје и да се спречи ширењето на вирусот Ковид-19. Седум пати во неделата, во три смени, нашите екипи го собираат и го транспортираат комуналниот отпад и на највисокото ниво ја одржуваат хигиената на дури шест милиони квадратни метри јавни и сообраќајни површини во градот Скопје.  Минатиот месец, тие за само седум дена отстранија над 500м3 несовесно исфрлен отпад, директно придонесувајќи за заштита и одржување на здравата и чиста животна околина.


Би сакале да ги потсетиме жителите на градот Скопје дека платите на овие вредни работници се обезбедуваат исклучиво преку плаќањето на побарувањата за собирање и транспорт на комуналниот отпад и само преку редовно и навремено плаќање на сметките од  ЈП Комунална хигиена- Скопје можеме да им обезбедиме достоинствен живот на тие луѓе.“ – изјави директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Менторската работилница „Што после средно“

Во среда, на 22 мај 2024 година, во кафе-книжарницата Буква, со почеток од 12:00 часот …