Јасна Жмак со перформанс на фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКO

На 26 септември (вторник) со почеток во 20 часот, Јасна Жмак ќе настапи со својот авторски проект “this is my truth tell me yours” на Академската сцена на Факултетот за драмски уметности во Скопје, како дел од програмата на фестивалот за феминистичка култура и акција ПРВО ПА ЖЕНСКО. Влезот за перформансот “this is my truth tell me yours” е слободен.

“this is my truth tell me yours” е авторски проект на пистелката и драматург Јасна Жмак во кој таа се занимава со својот однос со уметничкото поле на делување, преиспитувајќи ги своите и авторските позиции на другите, како и одговорностите и анксиозностите кои тие позиции ги имплицираат.


Тргнувајќи од своето лично искуство од 2011 година, кога почнува да страда од тинитус и хиперакузија откако, како дел од публиката, е повикана да пука со театарски пиштол за време на перформансот “MandićMašina” во режија на Бојан Јаблановец и изведба на познатиот словенечки актер и изведувач Марко Мандиќ, Жмак во оваа ЖмакМашина, ги истражува начините на кои уметноста ја обликува стварноста во која живееме. Иако навидум неповрзани, темите тинитус и патријархат стануваат централен мотив на ова дело кое жанровски балансира на пресекот помеѓу стенд-ап комедија и перформанс-предавање.

За прв пат појавувајќи се на сцената во улога на изведувачка, Жмак се занимава со прашањата на вистинитоста и репрезентацијата, партиципативноста и одговорноста, водејќи нѐ низ своите драматуршки и сексуални искуства и при тоа прашувајќи се себеси и публиката за важноста и смислата на уметничкото творештво во ерата на дивиот капитализам.


По перформасот следува Q&A со авторката и изведувачката Јасна Жмак и забава со DJ сет на Виолета Качакова.

Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО е поддржан од: Embassy of Sweden, The Kvinna till Kvinna Foundation, Equality Fund, Зигрид Раусинг Траст и Министерство за култура.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 17.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Последниот ден од работната недела може да биде еден од постресните за Овенот. …