Извештај на ИЈЗ 20-26 јули 2020г.: Намален е бројот на новозаразени и починати, зголемен бројот на оздравени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека Институтот за јавно здравје денес го објави неделниот извештај за периодот од 20 до 26 јули 2020 година, којшто покажува намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела.

Во дадениот период направени се вкупно 9563 тестирања (1402 повеќе од периодот 13–19 јули) и регистрирани се 956 позитивни случаи на Ковид-19 што е за 82 случаи помалку од претходната недела. Во периодот на известување 10% од тестираните се позитивни на Ковид-19.


Новозаболени се регистрирани во 29 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3% – благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1% благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20.

Во однос на старосната структура на новозаболените во овој период најголем процент се лица помеѓу 50–59 години 22,3%, а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата помеѓу 40-49 и над 60 години – 19,6% во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,6%, и од 10-19 години – 4,7% од вкупниот број на новозаболени.


Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2%, а кај 279 лица или кај 31,3% регистрирано е присуство на коморбидитети.

Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4% имале контакт со потврден случај на Ковид-19, а 21 лице (9 повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена.


Во периодот 20-26 јули регистрирани се 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20% повеќе од претходната недела на известување (13 – 19 јули).

Во периодот 20 до 26 јули, регистрирани се 32 смртни случаи, што е 12 смртни случаи помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 84,4%. 29 од случаите се починати во болнички услови, а 3 вон болнички. Кај 26 од смртните случаи (81,3%) регистрирани се претходни коморбидитети.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …