ИЗЛОЖБА ВО РАМКА НА ПРОЕКТОТ„ ИНТЕРЕТНИЧКО СТРИП УЧИЛИШТЕ”

Проектот ”  СТРИП УЧИЛИШТЕ  СТРИПОТ ВО ИНТЕРКУЛТУРНА ЕДУКАТИВНА МИСИЈА  2020″ е финансиран од Министерството за култура на РС Македонија како дел од програмата за интердисциплинарни дејности за 2020 г.

Цел на проектот е развој на   Интеркултурноста како и деметрополизацијата на културата во Р.Македонија преку едукативни стрип активности наменети за млади од разни етнички и други средини.


Поради новонастанатата ситуација предизвикана од КОВИД 19 , проектот е видоизменет со тоа што млади автори од различна етничка припадност од : Велес, Скопје, Битола и Куманово он лајн ги доставија своите стрип дела, од кои повеќето се на актиелната КОРОНА ситуација .Истите ќе се објават на пригоден каталог а ќе се организираат и пригодни изложби.


Македонската стрип сцена е побогата за неколкумина млади автори од разни средини коишто треба да го најдат своето место во стрип сцената на нашата држава.

Прва од планираните изложби ќе се одржи во петок, 04.12 во 19 ч во Ликовниот салон во Велес ,а наскоро истоветни изложби ќе се организираат во Скопје и Битола.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина во Струмица

Во рамките на проектот ,,Први март”, Каролина ќе одржи концерт во Струмица, на 17ти мај …