(ВИДЕО+ФОТО) ПРВ ПАТ ЗА 33 ГОДИНИ – ДРОН ЅИРНАЛ ВО НАЈОПАСНОТО МЕСТО НА СВЕТОТ: Влегол во петтиот реактор на Чернобил, а имал само една задача!

Дронот „Елиос 2“ прв пат го истражувал едно од најопасните и најнепристапни места на планетата – нуклеарната централа во Чернобил, каде се случи нуклеарна несреќа во април 1986 година.
За прв пат после 33 години, можеме да откриеме дали има нуклеарен отпад во петтиот блок на нуклеарната централа.

Ова беше можност да ѕирнеме во петтиот реактор, кој беше во завршна фаза на изградба за време на експлозијата, но не беше познато дали во базените имало прачки со осиромшаено ураниумско гориво.
Затоа „Елиос 2“ влегол во реакторот и, за среќа, открил дека базените се празни, односно дека нема реактивен нуклеарен отпад во реакторот. Овој вид беспилотни летала се користи за надзор и проверка на електраните.


Леталото може да утврди колку време е потребно за да се исклучи централата и кои се клучните задачи за одржување.
Оваа мисија во Чернобил била особено потребна бидејќи беспилотното летало морало да прелета преку ѕид висок 70 метри, а доколку имало загуба на сигналот, „Елиос 2“ ќе се изгубел. Сепак, мисијата успеала, а она што го покажале снимките и фотографиите направени од дронот била дополнителна причина за задоволство.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …