ИВАП: ПОМЕН – Една година тишина!

Ве известуваме дека на ден 1 март (понеделник) со почеток во 12 часот, во организација на нашата Асоцијација ќе се одржи собир под мотото “ПОМЕН – една година тишина!„ а по повод точно една година од забраната за одржување на јавни настани, заради Ковид пандемијата. Собирот ќе се одржи пред Владата на Република Северна Македонија.
Со овој собир сакаме да го свртиме внимание на Владата но и на јавноста за состојбата во нашата дејност која навистина е голем губитник од пандемијата. За жал, ние како дејност немаме никаква помош од страна на нашата држава. Ниту сме препознаени и разбрани како сектор, а без помош и поддршка не е возможно да опстанеме после цела година неработење.
Деновиве сме сведоци на зголемен број на заболени, што сериозно не загрижува бидејќи тоа значи дека уште долго нема да можеме да отпочнеме со работа. Како одговорни граѓани и компании,
сметаме дека е неумесно да бараме да одржуваме јавни настани при ваква состојба. Ние не правиме тајни настани, не ги прекршуваме законите и прописите и не и создаваме проблеми на пазарната инспекција. Затоа, сметаме дека немаме друг избор освен Владата да изнајде начин и да му помогне на овој сектор.
Во последниот пакет мерки Владата објави дека се наменети средства за секторот за организација на настани, но моделот кој го предложи ниту некому му е јасен ниту пак има најава кога би можеле да се надеваме на реализација. Ние понудивме неколку модели за помош, но ниту еден од нив не бил земен пред вид и понуден е целосно нов, нејасен модел без рокови и јасни правила што остава простор за сомнеж во неговата правичност и намена.
За жал изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од Ковид пандемијата во Европа и светот, според последното истражување на европската агенција EY
Consulting, веднаш зад авио транспортот и според истражувањата, закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади.
Се надеваме дека ќе го проследите овој настан, на кој ќе бидат почитувани сите протоколи за заштита од Ковид пандемијата

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …