Италијански учител починал после вакцинација со Астра Зенека – регионот го запрел вакцинирањето

ИТАЛИЈАНСКИОТ северен регион Пиемонт соопшти дека привремено ја прекинува вакцинацијата со АстраЗенека затоа што вчера по вакцинирањето починал учител од градот Биеле.
Одлуката, по слични мерки во остатокот од Европа, била донесена како мерка на претпазливост. Регионот ги чека резултатите од проверките за да се утврди која група на вакцини е употребена и дали смртта е поврзана со вакцинацијата, соопштила регионалната влада. Во изјавата не е наведено како умрел наставникот.
„Ние го сторивме тоа од претпазливост, бидејќи проверивме дали има врска. До денес, немаше никакви проблеми со вакцината”, рекол Луиџи Икарди, шеф на регионалната здравствена служба.
Италијанската агенција за лекови (АИФА) во четвртокот забрани употреба на една серија вакцина АстраЗенека. Извори изјавиле дека одлуката е донесена по смртта на двајца мажи на Сицилија. АИФА соопштила дека забраната е мерка на претпазливост, додавајќи дека врската помеѓу вакцината и последователните несакани ефекти не е потврдена.


Данците, Норвежаните и Исланѓаните ја прекинаа вакцинацијата
Данска, Норвешка и Исланд престанаа да вакцинираат поради проблеми со коагулацијата на крвта, а Австрија минатата недела престана да користи одредена серија вакцини АстраЗенека додека истражувала смрт предизвикана од згрутчување.
Европската агенција за лекови изјавила дека нема индикации за каузална врска, што во петокот го повтори Светската здравствена организација. АстраЗенека исто така објави дека не открила докази за зголемен ризик од длабока венска тромбоза.

Ирска денес привремено ја прекина вакцинацијата со АстраЗенека како мерка на претпазливост, повикувајќи се на извештаи на Норвешката агенција за лекови за случаи на згрутчување на крвта што се случиле кај неколку приматели на вакцини.


Роберто Сперанца, италијанскиот министер за здравство, рекол дека со оглед на сите спроведени истражувања, вакцините во Италија и Европа се ефикасни и безбедни.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

На 11 мај ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од Џузепе Верди

На 11 мај со почеток во 20.00 часот ќе се изведе спектакуларната опера „Трубадур“ од …