Истражувањето покажало: Сите најдобри љубовници имаат две заеднички особини!

Колку често водиме љубов има врска и со тоа какви луѓе сме, а новото истражување открило дека луѓето кои имаат две одредени карактерни црти имаат и’ најбогат сексуален живот.

Во истражувањето објавено во списанието „The British Journal of Psychology” учествувале испитаници без љубовни партнери, 192. слободни жени и 105. слободни мажи.
Учесниците морале да одговорат на низа тестови за да се востанови поврзаноста помеѓу алтруизмот, односно однесувањето кое за цел има помагање на други во кое не се очекува некој вид на награда од другите, со тоа колку имаат успех во љубовта, односно со врските и сексуалниот живот.


Во истражувањето е заклучено дека добрите и несебични луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите луѓе и дека најмногу се задоволни со својот сексуален живот. Кај машките испитаници, тоа вклучува и поголем број партнерки за незадолжителен секс.
Студијата не дала одговор на тоа што ги мотивира испитаниците на тоа да им помагаат на другите, но без оглед на тоа, добиените резултати се уште еден доказ дека добрината и несебичноста секогаш се исплаќаат.
Дека добрината и несебичноста се привлечни особини и во сексуална смисла, е видливо и во историјата, попрецизно од времето на ловечко-собирачкото општество кога мажите кои својот плен великодушно го делеле со целото племе кај жените биле најпожелни животни партнери.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ЈУРОП ХАУС ГИ ПОЧНА АКТИВНОСТИТЕ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА, СО СЕРИЈА НАСТАНИ ШИРУМ ЗЕМЈАТА ВО ТЕКОТ НА МАЈ

Централниот настан е закажан за 22 мај, од 20 часот, на платото на Универзитетот „Св. …