Историјата на познатиот гест: Од кога покажуваме среден прст и што значи тоа?

Многумина од нас, макар еднаш, своето мислење за некого го изразиле со покажување среден прст, како што тоа неодамна го направила Американка која таква порака му испратила на Доналд Трамп, додека со велосипед минувала покрај претседателската колона. Поради тоа, потоа, добила отказ.
Малку кај меѓутоа знае како настанал гестот и колку долго се користи. А, во прашање не се стотина туку илјадници години.
„Знаеме дека историјата на тој гест достига барем до стара Грција. Го покажувале во некои грчки драми и комедии заедно со вулгарните гестови, како ’мавтање’ со пенисот.Од историските списи знаеме дека гестот се користел и на сцените на стариот Рим, како и при судирите во Сенатот. Тоа тогаш се викало ’Digitus Impudicus’ или ’дрзок прст’“ рекол Бенџамин Берген, шеф на Знаковна и когнитивна лабораторија на Универзитетот во Сан Диего за „Вајс“.
Никој не може, со стопроцентна сигурност, да каже што е оригинален “дрзок прст“, но научниците се доста сигурни дека тоа требало да претставува пенис.
„Средниот прст е пенис, а двата свиткани прста од страна претставуваат тестиси. Тоа е фалусен гест“ изјавил угледниот антрополог Дезмонд Морис за БиБиСи.
Првиот писмен траг за покажувањето на средниот прст го оставил Аристофан во комедијата „Облаци“ од 424. година пред нашата ера. Првиот човек кому официјално, со среден прст, му е испратена порака бил филозофот Сократ, кому во една драма ликот со името Стрепсијад му покажува среден прст, правејќи дека е укрутен пенис. Сократ во „Облаци“ е прикажан како некој кој ја расипува младината во Атина.
Следен пат „средниот прст“ се спомнува во книгата „Животи и мислења на знчајни филозофи“ на Диоген Лаерти во третиот век пред Христ, и исто така му е покажан на еден филозоф. Гестот се појавува и во повеќе драми напишани во времето на стариот Рим, а според некои извори злогласниот император Калигула своите поданици ги терал наместо раката да му го бакнуваат средниот прст со
кој претходно сугестивно би мавтал за да што повеќе потсети на пенис.
Во средниот век се спомнува и во записите, но нема сомнение дека тој гест преживеал.
Угледниот американски професор по право, Ира П. Робинс, во својот труд од 2008. година посветен на правните аспекти на покажување на средниот прст, запишал дека таквиот гест во Северна Америка се употребувал најмалку до 1886. година.
Таа година „средниот прст“ го покажал популарниот играч на безбол Чарлс „Old Hos” Редбурн и тоа во објектив на камерата, па така станал актер на првата фотографија со таков гест.
За неговата денешна популарност во целиот свет е заслужно влијанието на американската поп култура, филмовите, музиката и сериите.
„До пред дваесеттина години средниот прст во Јапонија или Кореја не значеше ништо, а сега сите го знаат токму порди филмовите и сериите. Ако после Втората светска војна француската кинематографија станеше доминантна веројатно сите,наместо среден прст, би покажувале стисната шака“ заклучува професорот Бенџамин Берген.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 19.05.2024 година во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Организирајте убаво дружење, дружете се со пријателите, опуштете се и пред се одморете. …