Инфлуенсер маркетинг – нов комуникациски предизвик за општеството

Менаџери во истакнати компании од областа на маркетингот и комуникациите од Адриатик регионот, ПР експерти, ТВ лица и инфлуенсери ќе ги споделат своите знаења и искуства на конференцијата „Нови комуникациски трендови и инфлуенсер маркетинг” што ќе се одржи на 29 март (петок) со почеток во 10 часот во хотелот „Александар Палас” во Скопје.

Конференцијата ја организира Македонската асоцијација на агенции за маркетинг (МААМ) во која членуваат 14 агенции, лидери во комуникациската индустрија во земјава. Оваа конференција е наменета за сите поединци и компании кои се дел од маркетинг и ПР индустријата, но и надвор од неа, кои се заинтересирани да слушнат различни искуства за новите комуникациски трендови и за предизвиците што ги носи инфлуенсер маркетингот.


На оваа конференција за своите искуства со новите комуникациски трендови и за предизвиците со кои се соочуваат во работата ќе зборуваат истакнати професионалци од Адриатик регионот, како што се Срџан Ерцег од Huge Media од Србија и ТВ коментатор во Спорт Клуб; Домен Маврич и Алеш Грахек од Avi Словенија; Љубица Вукчевиќ од DM, Данка Трбојевиќ од Drive од Србија; Коста Петров, претприемач, ПР експерт и писател; Зоран Спасов – Ѕоф од Klip Media Group; Игор Трајковски од Time.mk и Сергеј Варошлија, ТВ лице.


Карти за конференцијата може да се набават преку интернет-страницата kupikartizase.com по цена од 1.500 денари.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …