ИН МЕМОРИАМ: ТРАЈЧЕ ЈОВАНОВ (60) – Тага за Штип, Македонија…

Ненадејно почина Трајче Јованов раководител на прес службата во „златните“ години на фестивалот „Макфест“, кога директор беше Стојан Троицки.


Долгогодишен новинар во Радио Штип, а потоа во Телекабел, каде и сега работеше. Своевидно заштитното лице на МАКФЕСТ, Трајче Јованов до крајот на животот остана ГОЛЕМ НОВИНАР, ОДЛИЧЕН ДРУГАР. КРЕАТИВЕЦ кој ретко се раѓа.Голем беше и кога се одржуваше МАКФЕСТ, кога како раководител на прес центарот, ги поддржуваше сите новинари во Македонија. Беше член и на Музичката младина на Македонија…


Кариерата и животниот пат на Трајче Јованов се богати а добро го знаат сите учесници на „Макфест“ – како изведувачите така и новинарите.
Сочувство до неговото семејство!
Ќе го памтиме по многугодишните искуства на „Макфест“ и големото срце и професионализам.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Фестивал за современа музика МОДОАРС 2024

Започнува седумнаесеттото издание на Фестивалот за современа музика МОДОАРС. На отварањето на фестивалот МОДОАРС 2024 …