И’ шефот на Светската здравствена организација мора во самоизолација


Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека е идентификуван како контакт на лице позитивно на ковид 19 и дека мора да се изолира, но додаде дека се чувствува добро и нема симптоми.


„Ме идентификуваа како контакт на лице кое имало позитивен тест за ковид-19. Добро сум и немам симптоми, но во следните неколку дена ќе заминам во самоизолација, во согласност со протоколите на СЗО и работа од дома“, напиша Тедрос на Твитер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Rooftop Open Air Cinema – Незаборавни кино вечери под ѕвездите

Skopje City Mall и Cineplexx ви го најавуваат Rooftop Open Air Cinema. Од 2 јули …