Гран при награда за филмот „Заедно, сами“ на турскиот режисер Касим Ордек на 4. Галичник филм фестивал

Свеченото затворање на 4. Галичник филм фестивал се одржа синоќа со прогласување на добитниците на наградите за краткометражни филмови во три натпреварувачки категории. На фестивалот кој траеше од 4 до 6 август, бројната публика составена од љубители на седмата уметност уживаше во 33 краткометражни филмови од различни земји. За организаторте Дарма филм, фестивалските денови оваа година беа уште побогати со содржини и со зголемен интерес од регионот и пошироко за учество на фестивалот, како и за едукативните работилници кои се одржаа под менторство на Дејан Дуковски и Андреј Волкашин.  


Тричлената жири комисија составена од актерот Сашко Коцев, продуцентката Елена Станишева и режисерот Георги Унковски, ја имаа можеби најтешката задача да одлучуваат за добитниците на наградите.

Во конкуренција од 33 краткометражни филмови, Гранд при наградата на Галичник филм фестивалот 2023 ја понесе филмот „Заедно, сами“  на турскиот режисер Касим Ордек, за зрелиот израз на суптилно и емотивно раскажување на една навидум тривијална приказна, која допира длабоко до сечие срце. На главните протагонисти во „Заедно, сами“,  Еџем Узун и Мерт Доган им припаднаа и наградите за најдобра женска и најдобра машка улога за нивниот одличен актерски израз, кој со ненаметливост и со леснотија прикажува комплексни човечки судбини.


Наградата за најдобро сценариото му припадна на швајцарскиот режисер Зоел Ешбахер за неговиот краткометражен филм „Фер игра“ и начинот на кој што тој вешто преку игра и хумор мајсторски ги прикажува апсурдите на денешницата.

Поетичниот израз на една осетлива тема раскажана на храбар начин од страна на грчката режисерка Софија Георговасили во филмот „Мемоар за застрашувачка бура“ ја понесе наградата за најдобра режија.


Канадскиот режисер Ллојд Ли Кои е добитник на наградата за најдобра кинематографија за неговиот филм „Сé по старо“.

Наградите за најдобар краткометражен филм според трите натпреварувачки категории на фестивалот припаднаа на филмот „Ти ветив рај“ на режисерот Морад Мостафа од Египет во категоријата за најдобар игран филм,  филмот „Ева“ на руската режисерка Олга Смирнова се закити со наградата за најдобар документарен филм, додека пак за најдобар анимиран филм, наградата ја понесе полската режисерка Ева Смик со „Носталгија за дома“. Галичник филм фестивал е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија, реализиран од Дарма филм и Месната заедница Галичник, а главен спонзор на овогодинешното издание е Халк Банка

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …