Градоначалникот Герасимовски го потпиша зголемувањето на платите за 2.806 денари во Општина Центар

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски и претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски, го потпишаа анексот на Колективниот договор, со кој на вработените службеници во Општина Центар им се зголемуваат платите за 2.806 денари.
„Со ова покачување сакаме дополнително да ги мотивираме вработените, особено во ова време кога се наоѓаме во светска економска криза, која секако не ја одминува ни нашата општина. По преговорите со синдикатот во општината, обезбедивме средства и веќе од следниот месец вработените ќе земаат поголема плата, што ќе им донесе поголема финансиска сигурност на нашите во време кога цените на сите производи од ден во ден растат“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Анексот на Колективниот договор предвидува линеарно зголемување на платата на сите вработени во општинската администрација, освен на лицата чии плати беа претходно зголемени со самото донесување на Законот за минимална плата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Како да ги поминете празниците без вишок килограми?

Во потрага сте по хранлив заменски оброк за управување со тежината? Брзото темпо на современиот …