На 49. години починала позната холивудска актерка, долго време се борела со тешка болест

Холивудската актерка Робин Григс, позната по улогите во сапуниците „Another World“ и „One Life“, починала во саботата на 49-годишна возраст.
Веста за нејзиното заминување беше објавена вчера на нејзината Фејсбук страница.
Робин имаше здравствени проблеми, се бореше со рак на грлото на матката, за што отворено зборуваше на социјалните мрежи.
Григс минатиот месец објави дека и биле дијагностицирани четири нови тумори.

This image has an empty alt attribute; its file name is robin-grigs-1.jpg


Робин го имаше своето деби како Стефани Хобарт во тв серијата „Еден живот“ во април 1991. година и се појави во шест епизоди.
Во 1993 година ја играше Меги Кори во филмот „Another World“, улога која ја играше две години.
Родена е на 30. април 1973. година во Пенсилванија.
Таа започнала да работи во детски театарски продукции пред да се појави во „Rated K“ на Никелодеон, програма што траеше од 1986. до 1988. година.
По улогите во сапуница, Григс глумеше во жанровски филмови како што се „Тешки повреди“ (2003), „Мртви кловнови“ (2004), „Отсуство на светлина“ (2006) и „Пеколна недела“ (2010).
„Мислам дека глумењето во сапуници ме научи на дисциплина. Чувствувам дека ми помогна да сфатам дека можам да играм каква било улога, се додека одвојував време да го разберам тој лик“, рекла таа во интервјуто за „Call Me Adam“ во 2021. година.
На Григс и бил дијагностициран ендоцервикален карцином во стадиум 4, а таа отишла во болница само неколку дена пред нејзината смрт, според наводите на нејзината Фејсбук страница.
„Сакам да се смеам, тоа е мојот начин на справување, па се обидов да најдам нешто смешно за размислување“, рекла таа во интервју минатата година за борбата против ракот за време на пандемијата.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден слави нашиот актер Кире Печијаревски

Кире Печијаревски е роден на 3 мај 1949 година во Скопје. Тој е македонски филмски …