Ѓоковиќ и’ официјално годината ја завршува како прв на светот

Новак Ѓоковиќ со победата против Борна Чориќ 7:6, 6:3 се пласираше во четвртфиналето на турнирот од серија 500 во Виена и го обезбеди првото место на крајот од календарската година.
Првиот играч на светот дојде во главниот град на Австрија за да го завери првото место на АТП-листата, а неговите планови можеа да бидат уништени со можната одлука на Рафаел Надал да се појави во Софија покрај Мастерсот во Париз и последниот турнир во Лондон, меѓутоа во текот на вечерта пристигнала потврдата дека Шпанецот не ја прифатил „специјалната покана“.

“Многу забавен и тежок дуел. Борна е одличен борец. Надвор од теренот сме одлични пријатели, се познаваме долго време, зборуваме на ист јазик, тренираме заедно … Ќориќ има сличен стил на игра, и е многу сигурен од бекхенд”, изјавил Ѓоковиќ па продолжил:
“Тешко ми беше да се вратам во првиот сет, и исто како и на почетокот на турнирот, првиот сет одлучи денес. Го прочитав неговиот пасинг шот во тај брејкот, подоцна и лесниот бекхенд … Среќен сум што останав фокусиран во најважните моменти“.


Со победата над Борна Чориќ и пласманот во четвртфиналето на АТП турнирот во Виена, најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по шести пат во кариерата математички го обезбеди првото место на крајот на годината.
Така тој се изедначи со рекордот на легендарниот Пит Сампрас, кој е единствениот што можеше да се пофали со овој успех.
Ѓоковиќ ги остави зад себе најголемите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал, кои пет пати завршуваа како први .
Новак го очекува дуел со подобриот играч од мечот Хуберт Хуркак – Лоренцо Сонего во четвртфиналето.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …