Глумец пронајден мртов во својот дом: Со денови никој не се слушнал со него

Актерот Димитри Ратченко, најпознат по улогата на Јури во „Дневниците на Чернобил“, бил пронајден мртов во неговиот дом во Флорида, соопшти полицијата.
Телото на 52-годишниот актер е пронајдено откако неговите соработници, загрижени поради тоа што не го слушнале неколку дена, повикале полиција, јавува Си-Ен-Ен.
Еден од нив и рекол на полицијата дека последен пат комуницирал со Ратченко преку текстуална порака на 19. април. Актерот неодамна се повредил на работа и се опоравувал од последиците на електричен удар, се вели во полицискиот извештај.
Актерот е пронајден без знаци на живот во неговата дневна соба, а причината за смртта сè уште не е позната.


Ратченко беше најпознат по улогата во филмот „Дневниците на Чернобил“ во 2012. година. Тој се појави во многу серии како „Како ја запознав твојата мајка“, „Банс“, „Две девојчиња без пари“ и „CSI: Мајами“.
Роден е 1968. година во Сан Франциско. Неговиот татко е со потекло од Украина, а неговата мајка е од Шведска.
Тој ја шокираше јавноста пред пет години кога на поранешната девојка и испрати слики од нејзиното милениче зајак, што го уби и изел. Тој рече дека го сторил за да се одмазди за распаѓање на нивната врска, по што добил казна од 60. дена добротворна работа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …