(ФОТО) ЈАВНАТА ТАЈНА ОБЕЛОДЕНЕТА: Принцот Хари отворено за односот со братот: „Јас и Вилијам тргнавме по различни патишта!“

Раѓањето на синот Арчи кај принцот Хари како да доведе до еден друг вид на сигурност и сериозност. Во неколку последни јавни настапи тој говори се’ поотворено, а покрај оние изјави за родителството, тужбите за таблоидите, синот и Меган Маркл се чини дека на ред дојде и вистината за неговиот однос со братот, принцот Вилијам…


Кога принцот Хари ја запознал Меган Маркл пред три години, започнале и шушкањата дека тој се дистанцирал од остатокот на кралското семејство, па дури и од братот Вилијам. За јавноста, тоа беше малку чудно, бидејќи синовите на починатата принцеза Дијана и принцот Чарлс уште од детството се неразделни.


Сега помладиот брат, во интервјуто за британскиот „ITV“ ги потврди шушкањата и кажа дека не е во најдобри односи со братот.
„Вилијам и јас тргнавме по различни патишта. Браќата имаат добри и лоши денови“, рекол меѓу другото принцот Хари.
Тој истакнал и дека стиловите на живот, желбите и верувањата, негови и на братот Вилијам многу се разликуваат, дека ретко се гледаат и дека не е чудо што нивниот однос поради големиот семеен и медиумски притисок се променил.


„Дел од оваа улога која ние ја играме е носењето на огромен притисок. Неизбежно е да дојде до кавга. Но гледајте, ние секогаш ќе бидеме браќа, јас секогаш ќе бидам тука за него, како што знам дека и тој ќе биде за мене“, изјавил Хари.
Наводно, до кавга дошло поради тоа што Вилијам не бил воодушевен од идејата Хари да се ожени со Меган.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …