(ФОТО) ПОЗНАТАТА ГЛУМИЦА МИНАЛА НИЗ ПЕКОЛ – Морбидни детали од ЗЛОСТАВУВАЊЕТО кое го проживеала:„Прочитав дека девојче (14) се убило поради мојот вујко и решив да проговорам!“

Актерката Тери Хатчер (54), најпозната по улогата во серијалот „Очајни домаќинки“, била злоупотребувана како девојче, од петгодишна возраст до деветгодишна возраст, а над неа блудничел нејзиниот чичко. Актерката ја раскажала приказната за своето грдо детство во интервју за американското списание Vanity Fair пред нешто повеќе од една деценија, и како во 2002 година беше охрабрена да сведочи против чичко Ричард Хејс.

„Ги потиснав спомените сè додека не прочитав во весник дека 14-годишно девојче било силувано од вујко ми. Можев да ја почувствувам болката на таа тинејџерка и не можев да го пуштам Стоун неказнето“, рекла Тери, која како дете живеела во Калифорнија. И таа, самата, помислила на самоубиство затоа што и било срам и мислела дека е виновна за сè.
Откако на судот во Санта Клара куќната помошничка раскажала што се случувало со неа, Стоун добил казна затвор од 14. години, а судијата рекол дека случајот ќе биде отфрлен доколку не се појави Тери. Ричард починал во 2008 година додека издржувал затворска казна.

„Дури кога беше осуден, почнав да чувствувам дека нешто вредам“, рекла Тери, која само делумно го открила искуството во нејзината автобиографска книга „Burnt Toast: And Other Philosophies of Life“ (Изгорен тост и други филозофии во животот), бидејќи таа се плашела дека тоа ќе ја загрози нејзината актерска кариера.
Тери, на која и бил доделен Златен глобус за улогата во „Очајни домаќинки“, била мажена за  Џон Тени (57) а се развела во 2003. година по скоро десет години брак. За разводот се обвинила себе. Тери Хачер ја има ќерката Емерсон Тени (21) а се шпекулира дека била во врска со Џорџ Клуни (58).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …