(ФОТО) Ѕвездата пуштена од болница: Следи клиника за одвикнување!

После тешкото предозирање, пејачката Деми Ловато ќе треба да оди во клиника за одвикнување од дрога. Таа викендов била пуштена дома, а се очекува да биде примена во некоја од приватна клиника.


Пејачката,во саботата, ја напуштила болницата во Лос Ангелес и веќе аплицирала во клиника за рехабилитација.
Како што пишува TMZ, пред тоа, таа ќе оди на психијатриски терапии,во Чикаго, кои ќе се фокусираат на нејзината трезвеност и ментално здравје.


Пријател на Деми за TMZ рекол дека веднаш се согласила со препораката на лекарот да оди кај психијатар за да го врати своето здравје.
Таа ја откажала светската турнеја, иако закажала бројни концерти во Јужна Америка и Мексико.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …