Европска метропола домаќин на „Песна на Евровизија 2019“ наместо Израел!?

Израел мора да уплати кауција од 12. милиони евра како гаранција за прифаќање на организацијата на Евровизија…
Откако овогодишната претставничка на Израел, пејачката Нета Барзилаи ја однесе победата на Евросонг, започнаа спротивставувањата за одржувањето на овој музички фестивал во Израел поради безбедносната состојба.
Уште тогаш се спомнуваше Австрија како можна замена за Израел, со тоа што австрискиот претставник Сизар Сампсон го освои третото место, а според гласовите од жирито – првото.
Како што наведуваат повеќето странски медиуми, Австрија, односно градот Виена би можел да биде домаќин на следната Евровизија, бидејќи државната израелска телевизија “KAN” побарала пари од државата за организирање на овој натпревар, но министерот за финансии одбил да ги стави средствата на располагање.
Израел мора да уплати кауција од 12. милиони евра како гаранција за прифаќање на организацијата на Евровизија.


Рокот за уплата истекува денеска, а доколку тие пари не се најдат на сметката, ќе се бара друга земја за организирање на натпреварот. Австрија, која пред две години беше домаќин, повторно е подготвена да ја преземе таа улога.
“KAN” сега му се обрати на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, со молба државата да ги овозможи потребните средства.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …