(ФОТО) Ѕвездата на „Вовед во анатомија“ со фотографија од породилиштето открила дека родила син

Ѕвездата на „Вовед во анатомијата“, Камила Лудингтон и нејзиниот сопруг Метју Ален станаа родители на момче што го именуваа Лукас.
36. годишната глумица на Инстаграм открила дека нејзиното семејство станало побогато за уште еден член.


“Откако имав чувство дека последниот триместар од бременоста всушност траеше една година … Конечно се случи! Мет и јас сме многу среќни што можеме да го објавиме раѓањето на нашето симпатично момче Лукас, инаку познат како малиот лав”, напиша актерката во описот на фотографијата која беше објавена веднаш по пораѓањето.
Камила исто така откри дека името Лукас е единственото име кое неа и на нејзиниот сопруг некогаш им се допаднала, а тоа била на списокот со потенцијални имиња за дете уште од првата бременост.

Исто така, актерката признала дека оваа бременост била многу повеќе стресна за неа од претходната, поради фактот што целиот свет бил зафатен од пандемијата на коронавирус. Покрај тоа, таа била загрижена за фактот дека нејзиниот сопруг нема да може да присуствува на пораѓањето.
„Мет не можеше да биде присутен ниту на ултразвук па не можевме да ги споделиме тие моменти“, рекла таа за „People“.

View this post on Instagram

#tbt Walden pond with my ❤️s

A post shared by Camilla Luddington (@camillaluddington) on

Двојката го има и тригодишното девојче Хајден.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …