(ФОТО) Ѕвездата на „Беверли Хилс“ доживеала нервен слом: Поради агресивното однесување морала да реагира и’ полицијата!

„Агресивна е и опасна“, рекол некој од семејната куќа на актерката во Лос Ангелес на полицијата.

Тори Спелинг (44) во четвртокот на 1 март доживеала нервен слом. Полицијата се задржала неколку часови во нејзината семејна куќа. Не е познато кој повикал полиција.
Поранешната ѕвезда на „Беверли хилс 90120“, ден порано самата повикала 911, тврдејќи дека некој и провалува во куќата. Но, во идниот повик рекла дека се „збунила“ и дека сопругот Дин Мекдермот (51) дошол дома. Потоа, излегла да се забавува со ријалити ѕвездата Корин Олимпиос.


Beautiful waterfall, but it's not!! It's ground water pouring out of the volcanic rock. #Iceland is so gorgeous!! What a special place. #tripofalifetime #beautyboxbytori #specialmemories

A post shared by Dean McDermott (@imdeanmcdermott) on


„Тоа е прво дете што го одгледувавме со љубов и комуникација“, изјавила Тори.
Нејзиниот татко Арон Спелинг и’ оставил само 800.000 долари од своето богатство тешко 600 милиони долари, кои и ги оставил на својата сопруга Кенди. Кенди рекла дека Тори „дивјачки“ троши, а одбила да и ги плати долговите што и се натрупале на кредитните картички. Мајката им ги плаќа прехранбените производи и школарината на децата. Тори лани прогласи банкрот кога државата и „седна“ на сметките, бидејќи не плаќала данок. Најтешко и паднало што морала да престане да оди редовно на третманите со ботокс и да си ги дозволува ситните но скапи задоволства кои скапо ја чинат.


Тори во 2013 година пред камерите го спасуваше бракот со сопругот, откако и призна дека ја изневерил. Во реалното шоу „Тори и Дин: Вљубени“, поранешната актерка рекла дека бракот го спасила поради своите деца. Во март Тори го роди петтото дете, синот Био.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …