(ВИДЕО) „Тандеми“ со емотивен спот за песната „Гурбет“

„Тандеми“ го промовираa најновиот емотивен спот за песната „Гурбет“. Оваа скопска група, преку песната и спотот го опишува животот на сиромавиот човек. Тие очекуваат позитивна критика од музичката јавност, со оглед на преголемиот труд кој го вложија во овој видео запис, како и пред се добро осмисленото сценарио.
„Навистина се радуваме на нашето ново видео, кое всушност е краткометражен филм и една сликовита приказна, за песната ’Гурбет’. Со оглед на ладното време, но и желбата да направиме квалитетно видео, навистина се помачивме, но на крајот излезе токму онака како што сакавме. Благодариме на ’ИН продукција’, манастирот ’Св Никита’ и девојките од К.У.Д. ’Скопје’. Сакаме публиката да ужива во сработеното“, велат момците од бендот.
Ова е нивна прва наменска песна и очекуваат пред се’ да биде позитивно прифатена од публиката, но не го кријат задоволството доколку бидат поканети на турнеја во далечната земја Австралија.
„Сите прават наменски песни за печалби, свадби, крштевки… , ова е наша прва наменска песна. Досега сме немале ваков стил, единствено само ’Илино моме’ и мислам дека требаше да се закитиме со еден ваков видео запис и ваква песна“, додава Горан од „Тандеми“.
„Тандеми“ за оваа 2018 година најавуваат уште многу новитети. Очекувајќи ги нив, уживајте во видеото за песната „Гурбет“.

 


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …