(ФОТО) ЖИРИТО НА „ЅВЕЗДИ НА ГРАНД“ прави забава – но за големи пари: Марија Шерифовиќ за своето „судење“ наредната сезона ќе добие 150.000 евра!

Со години ги забавуваат гледачите пред малите екрани. На моменти, а се трудат да ги има во секоја епизода, прават вистински кавги, иако се знае дека е СЕ’ ИЗРЕЖИРАНО – само да се зборува за емисијата…
Ним се чини и не им е битно какви кандидати ќе имаат, можеби и каква оценка ќе им дадат, туку да направат шоу…
Па „Ѕвезди на Гранд“ и е шоу емисија, нели…
Годинешната сезона заврши а веќе се прават планови за наредната.
Како што изјавил Саша Поповиќ, Марија Шерифовиќ ќе остане во жирито на „Ѕвезди на Гранд“, а како што дознал белградски Курир, таа за својата верност ќе биде платена со 150.000 евра.
Не е никаква тајна дека судиите се и тоа како платени за нивната работа. Порано во медиумите бил пласиран износот од 400.000 евра кој и е божем исплаќан на Јелена Карлеуша, но подоцна тие информации се демантирани. Сепак, повеќето членови на жирито можат да се пофалат со тоа дека директорот на продукцијата, Поповиќ, им плаќа солиден износ.
Ако се земе предвид дека сезоната трае скоро цела година, односно има повеќе од 40. емисии а сите од жирито – ментори имаат свои кандидати со кои работат цела недела тогаш е сосема очекувано по една емисија да заработат неколку илјади евра. Таков став имала и Шерифовиќ па му го соопштила на Поповиќ.
„Марија долго се двоумела дали да учествува и наредната сезона. Но,сепак на крај одлучила да остане, но не по секоја цена. Кога Саша ја прашал за условите под кои би останала, по долга дискусија таа му рекла дека ако има да издвои 150.000 евра за јахта тогаш ќе има и за неа“, рекол извор за Курир.
После неколку дена кога повторно се сретнале директорот на „Гранд“ и Марија и се договориле за сите детали. Со оглед на тоа дека во годинешното шоу победила Џејла Рамовиќ, кандидатка на Марија Шерифовиќ, веројатно Саша не размислувал многу за предлогот на членката на жирито.
Сите членови на жирито биле плаќани освен Јелена Карлеуша за која Саша Поповиќ во една пригода изјави:„Колкава популарност доби со ‘Ѕвездите на Гранд’ и колку си ја зголеми цената за тезгите не треба да биде плаќана“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …