(ФОТО) ЉУБОВТА НЕ БИРА – Испратила порака на погрешен број и запознала 30. години помладо момче: „Често не прашуаат дали сме мајка и син но ние имаме ПРЕКРАСЕН БРАК!“

Каси Берг (59) својот иден сопруг, кој е 30. години помлад од неа, го запознала откако испратила СМС порака на погрешен број.
Додека повеќето од нас едноставно би ја игнорирале пораката од непознат број, но Хенри Глендинг (29) одговорил и така започнала нивната љубовна приказна.
Деловната жена Кеси Берг имала 52. години кога испратила порака на колега од работа прашувајќи го дали сака да се дружат. Или барем така мислела.

Пораката пристигнала до 22. годишниот Хенри Глендинг, кој и одговорил:
„Прости, погрешен број. Но, да не тргнев на работа би можеле да се дружиме“.
Тие продолжиле да се допишуваат, разменувале пораки, а потоа заедно отишле на рок концерт.
„Во текот на концертот тој стоеше зад мене и ги стави рацете на моите колкови. Можев да кажам:’Еј, тргни ги рацете од мене’“, рекла Кеси и продолжила:
„Но, само помислив:’Ох, ова е добро, ова е интересно’“.
Тие двајца сега се среќно венчани и заедно живеат во Мисури, а својата преписка ја урамиле и закачиле на ѕид.

Нивната љубов е толку јака што Хенри, кој сега има 29. години, на својата болна жена и дал бубрег откако откриле дека тој може да и го донира органот, поради што Кеси го гледа како херој.
„Не сакам луѓето на оваа приказна да гледаат како на бајка, ништо не е совршено, но ние работиме на својот однос“, рекла Кеси.

Хенри исто така објаснил дека луѓето често заклучувале дека тие се мајка и син.„На Денот на мајките една година бевме со стоковна куќа и касиерката рече дека е убаво што и помагам на својата мајка и тоа на празник како што е тој“.
„Секако, ја разубедив и и’ реков дека Кеси не ми е мајка. Таа е моја жена“, ја заклучил приказната Хенри.
Екран.мк/КSDK
Фото: Принстскрин

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …