Медицинска сестра во рускиот град Тула станала хит на социјалните мрежи откако на работа пристигнала носејќи бикини, а над нив проѕирно заштитно одело, очила и ракавици за да се заштити од коронавирусот.
Како што пренесуваат руските медиуми, фотографијата е направена во регионалната болница за инфективни болести во Тула. На фотографијата може да се види како медицинската сестра во бикини им носи лекови на пациентите.
Наводно медицинската сестра одлучила да облече само бикини затоа што ѝ било премногу топло од заштитната опрема која мора да ја носи поради пандемијата на коронавирусот.
Медсестре из Тулы, надевшей купальник под защитный костюм, сделали замечаниеhttps://t.co/4OMCvsiXPg
К медсестре инфекционного госпиталя в Тульской областной клинической больнице применено дисциплинарное взыскание после того, как она появилась перед пациентами в ку… #Тула #ТН pic.twitter.com/gNneemIGn9
— Тульские новости (@newstula) May 19, 2020
Иако на пациентите не им пречело тоа што медицинската сестра работи по бикини, сепак фотографијата станала вирална и стигнала до регионалното Министерство за здравство. Од таму до медицинската сестра упатиле критика, истакнувајќи дека на тој начин ги прекршува правилата за работа во здравствената институција.
Според последните податоци, во Русија се регистрирани над 308. илјади заразени, додека 2,972 лица починале како последица на коронавирусот.