(ФОТО) Запрено снимањето на „Џемс Бонд“: Еве што му се случило на главниот глумец Даниел Крег!

„Бонд 25“, привремениот наслов на новиот филм од сагата за тајниот агент бил во центарот на вниманието од самиот почеток.
Се чини дека некој го урочил новиот филм од сагата за Џемс Бонд. Откако Дени Бојл одлучил да го напушто местото на режисер, па протагонистот Даниел Крег, објавил дека тоа е неговото последно појавување во улогата на тајниот агент 007, сега снимањето паузира и тоа повторно поради Даниел Крег.


Глумецот се повредил на сетот и снимањето е одложено. Според некои британски медиуми, 51. годишниот глумец го повредил глуждот за време на снимањето на една сцена, минатиот викенд и поради тоа снимањето е засега одложено.
„Трчаше и се лизна и падна. Беше во големи болки и се жалеше на зглобот на ногата“, вели извор за The Sun.
Не е првпат Крег да е повреден за време на снимањето на акционите сцени во овие филмови. Во текот на 2015. година британскиот глумец морал да има операција на коленото, после неколку повреди.А, имал и повреден лакт.



Крег го повредил коленото кога снимал акциска сцена во австриските Алпи, а повредата се влошила кога еден месец подоцна снимал пукање во студиото „Пајнвуд“, покрај Лондон.
„Бонд 25“, привремениот наслов на новиот филм од сагата, бил во центарот на вниманието од самиот почеток. Во август минатата година, филмскиот режисер и добитник на Оскар, Дени Бојл, одлучил да го напушти филмот поради „кративни разлики“ со своите продуценти. Конечно, снимањето на филмот, кое е закажано за објавување во ноември оваа година, започнало минатиот месец, четири години после објавувањето на претходниот Бонд со насловот „Спектра“.


Глумците, на чело со Даниел Крег, Наоми Харис и шпанско-кубанската глумица Ада де Армас, се претставени минатиот април, а сега се вратиле во Европа каде им се придружиле глумците Рами Малек, Рејф Фајнс и други.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …