(ФОТО) ЗАБЕЛЕЖАНА ВО САНДРИНГЕМ – Темно розев кармин и возење по имотот: Кралицата Елизабета приватно го прославила својот 96-ти роденден

Кралицата Елизабета одлучила приватно да го прославила својот 96-ти роденден, но била забележана додека се возела на имотот во Сандрингем.
Седејќи на совозачкото седиште, кралицата покажала лежерен изглед „надвор од должност“, со темно розев кармин и очила за сонце на лицето.
Во средата, кралицата отпатува од замокот Виндзор до нејзиниот имот во Сандрингам во Норфолк, северно од Лондон.
Резиденцијата е полна со потсетници на нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип, кој почина во април 2021. година на 99-годишна возраст. Војводата од Единбург поголемиот дел од своето време го поминуваше во куќата на фармата Вуд на имотот Сандрингам, која беше изменета во последниве години за да му биде полесно да се движи, откако се повлече од јавниот живот во август 2017. година.
Сандрингам е место каде кралицата и кралското семејство традиционално го слават Божиќ.

„Таа не мора да биде монарх таму“, изјавил поранешен функционер на кралското семејство за People, „Таа тука е само Елизабета а не кралица“.
Кралското семејство го прослави нејзиниот роденден со споделување нејзини фотографии на социјалните мрежи.
Официјалните страници на кралското семејство на Твитер и Инстаграм, кои ја претставуваат кралицата и другите членови на кралското семејство, ја започнаа прославата со објавување на црно-бела фотографија од монархот во 1928 година, кога таа имала само 2. години.


Потоа следела фотографија направена минатиот месец во областа на замокот Виндзор, на која се гледа дека кралицата што сака животни гордо стои меѓу нејзините коњчиња, Бајбек Кејти и Бајбек Најтингел.

Фото: Принтскрин/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …