Британската поп ѕвезда Ед Ширан откри дека го снимил својот најнов спот во Киев, главниот град на Украина, само неколку дена пред Русија да ја нападне земјата.
Пејачот и текстописец во петокот наутро на својот официјален канал на Јутјуб објави видео за песната „2step“, во која соработуваше со раперот Лил Бејби.
Пред да започне песната, на екранот се појавува пораката на Ширан, објаснувајќи дека тој го снимил видеото во Киев пред „да почнат разорните акти на насилство“.
„Тоа беше мојата прва посета на земјата и се чувствував толку добредојден“, рекол тој.
„Украина е горда и издржлива земја и благодарен сум што имав можност да го снимам моето видео таму“, додал Ед.
Откако ја претставил убавината на Украина во својот спот, Ед Ширан открил дека вложува дополнителни напори да и помогне на земјата.
Во првата сцена на видеото, музичарот открива и дека сите приходи од стримовите на YouTube ќе бидат наменети за хуманитарна помош за Украина.
View this post on Instagram
„Иако прв пат бев таму, брзо ми се допаднаа луѓето и местото“, напишал Ширан на Инстаграм, „Немаше никаков знак од ужасот што дојде во Украина и моето срце е со сите таму“.
Фото: Принтскрин/YouTube