(ФОТО) ВРЕМЕ Е ЗА НАСТАПИ: Ѓоко Ѓорчев го најавува концертот по повод 30. години кариера!

Времето на изолација, и карантини Ѓорчев го искористи за пеење „во дневната соба“ кога скоро секојдневно ги радуваше своите обожаватели со снимки од неговите најпопуларни песни…снимени само на обичен мобилен телефон но кои секојпат го покажуваа неговиот непроцентлив талент и квалитет.
Но, сега тоа е минато и тој забрзано се подготвува за својот концерт по повод 30. години кариера. Реши тој прв концерт да се одржи во Неготино, на градскиот плоштад бидејки – ТУКА СЕ ЗАПОЧНА.


„Да не бидам погрешно сфатен но мојата кариера, моите музички почетоци се во Неготино, мојот град и сметав дека тука треба да биде првото одбележување на мојата 30. годишна кариера. Знам дека имам фанови во целата земја, но ете, некако, срцето ми кажа дека токму во Неготино треба да го одржам првиот концерт после корона паузата“, открива Ѓоко Ѓорчев.
Но, онака меѓу зборови ни откри и дека во градот има голема заинтересираност за тој концертт кој најверојатно ќе се одржи под покровителство на градот Неготино, како и неговите верни пријатели од „Бовин“…



Останува да почекаме да биде потврден терминот за концертот (иако се шпекулира за средината на август), но тоа се „слатки маки“…

Г.О.
Фото:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …