(ВИДЕО) ТОЈ ЛУД СВЕТ: Маж дознал дека синот му е всушност ЧИЧКО бидејќи девојка му имала афера со ДЕДО МУ!

МАЖ споделил видео на ТикТок во кое се открива шокантната вистина за неговото семејство. Корисник по име @ stacks1400 открил дека неговата девојка, исто така мајка на неговите деца, имала афера со неговиот дедо додека сите живееле заедно во исто домаќинство.
„Открив дека мојот син е навистина мој чичко. Дедо ми спиеше со мојата девојка цело време додека ивеевме со него”, рекол ТикТокерот.
Видеото со неговиот плач досега е прегледано повеќе од 11. милиони пати.


„Не можам да верувам дека очекував повеќе од човек кој го имаше целото семејство зад грбот на баба ми“, напишал тој, сугерирајќи дека дедото веќе има историја на неверство во семејството.
Неговото видео предизвикало многу коментари.
„Многу ми е жал. Не заслуживте”, „Отпрвин мислев дека ова е шега, но сега сфатив дека не е”, “Немам зборови”, се само некои од коментарите.
Човекот објаснил дека дознал за аферата кога и го зел мобилниот телефон и открил разни експлицитни пораки и фотографии. Со девојката има уште деца.


Фото: Принтскрин/ ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …