(ФОТО) Водителката на Евровизија за малку ќе се онесвестела, но никој не забележал: Сега се огласи и открила што се случило

Лаура на својот Инстаграм профил објаснила дека се уште не се чувствува добро…
Лаура Паусини, заедно со водителот Алесандро Кателан и пејачот Мајк, кој е светски позната личност, го водеше 66. Избор за песна на Евровизија. Лаура е и пејачка и водителка по професија, која стекна голема слава надвор од границите на Италија.

This image has an empty alt attribute; its file name is laura-pasolini-instagram.png


Водителката и пејачка се обратиле на три јазици (шпански, англиски и италијански) и објасниле што се случило за време на финалето на Евровизија. Имено, за време на гласањето, Лаура накратко исчезнала од преносот во живо, а сега решила се’ да разјасни.

View this post on Instagram

A post shared by Laura Pausini Official (@laurapausini)


„Каква ноќ, луѓе. Неверојатно е колку љубов ми испратија од целиот свет. Сакам да ве уверам и да кажам дека сум добро. Во текот на финалето ми падна притисокот без причина и морав да одморам дваесет минути додека лекарите ме прегледаа, за што сум благодарна. Последните шест месеци имам полни раце работа и поради сиот стрес, но среќна сум што успеав да ја завршам оваа прекрасна вечер со моите партнери Алесандро Кателан и Мика и што заедно можевме да ги објавиме победниците на Евровизија, прекрасната Украина – објаснила таа во најавата, по завршувањето на најпознатото музичко натпреварување во светот.


Дека, за жал, ова не било само моментален стрес и притисок, потврдила Лаура и објаснила дека во саботата не се чувствувала добро и дека е заразена со коронавирус.
„Од саботата не се чувствувам добро и штотуку открив дека сум позитивна на Ковид-19 и поради таа причина сум во самоизолација и не можам да патувам“ – додала Паузини во истата објава.
Таа ги известила фановите дека нема да може да настапи на Флорида и дека ќе мора да го откаже настапот поради лошата здравствена состојба.

Фото: Принтскрин/eurovision.tv

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …