(ФОТО) Во црно од глава до петици: Новата љубов на Бред Пит го дели модниот вкус на Ангелина Џоли

Убавата изрелска архитектка, Нери Оксман, со кој Бред Пит пронашол среќа не е само природно убава, туку има и стил. Атрактивната бринета е видена пред универзитетот во Кембриџ, каде работи како професорка, облечена во црно од глава до петици. Нејзиниот стил неверојатно потсетува на бившата љубов на Бред, Ангелина Џоли…
Бред Пит и 42. годишната израелска архитектка, Нери Оксман, се запознале на факултетот во Масачусец,Institute of Technology, каде таа работи како професорка и оттогаш медиумите не престануваат да ги поврзуваат. Неименуван извор, близок на глумецот, за People, рекол дека Нери и Бред засега се само пријатели, но верува дека во тој однос има голем потенцијал бидејќи Бред често летал на источниот брег за да се види со убавата архитектка.
Занесната бринета на предавањето пристигнала облечена во црно од глава до петици, а нејзиниот стил и тоа како потсетува на облекувањето на поранешната сопруга на Бред Пит, Ангелина Џоли која и самата носи исклучиво облека со неутрални тонови.
Убавата Израелка облекла класични црни панталони со „морков“ крој во комбинација со тесна блуза, ниско сечени чевли до глужд, практична голема ташна и темни очила, а најистакнат детал е елегантниот долг мантил на врзување.

Убавата бринета со таинствена насмевка може да се види во формални изданија зачинети со елегантни модни додатоци, а на многу сличен начин размислува и Ангелина Џоли која секогаш се труди да остави впечаток на неоптовареност со изгледот, а во исто време зрачи со женственост и едноставност.
Откако во септември 2016. година се развел од Ангелина Џоли, на глумецот конечно му се вратила насмевката на лицето. Со убавата и успешна Нери Оксман се гледал уште од ноември минатата годинаа, а двојката повеќето време го минувало во нејзиниот стан. Магазинот US Weekly разговарал со извор кој тврди дека Бред потполно е восхитен од занесната архитектка и дека хемијата помеѓу нив е неопислива.


#nerioxman

A post shared by Neri Oxman (@nerioxman) on


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 01.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Овој ден првенствено е наменет за одмор, па потрудете се да го искористите …