(ФОТО) Меланија Трамп покажала два стајлинзи во еден ден: Најважни се деталите

Убавата прва дама, Меланија Трамп,ја продолжува својата победничка модна низа, а после преубавиот фустан на линии на дизајнерката со венецуелски корени, Каролина Херера, воодушевила појавувајќи се во два совршени стајлинзи…
Јапонскиот премиер Шинзо Абе и неговата сопруга Акие се во дводневна посета на САД, каде на Флорида се сретнал со Доналд Трамп.
Витата и висока Меланија и тоа како добро знае какви кроеви и стојат, па обично избира аутфити во кои до израз доаѓа нејзината беспрекорна фигура.

Згодната Словенка повторно бриљирала, модно засенувајќи ја сопругата на јапонскиот премиер која се појавила во неупадлив црн фустан со цветен дезен.

Бившата манекенка се одлучила за преубав смарагдно зелен фустан кошула со војнички стил (Дерек Лам) за кој треба да се издвои 1.100 долари, а го вклопила со упадливите штикли со моќен змиски дезен.Омилениот детал на Меланија, каишот, дополнително го нагласил нејзиниот тенок струк.
Како и обично, Меланија, се држела до својот препознатлив стил на шминкање: „smokey eyes” и неупадлив кармин.
Ништо помалку не била успешна ниту втората креација, па американската прва дама сите ги оставил без здив во тесниот бел фустан со ретро крој кој ја следи линијата на телото. Креацијата без ракави со интересни детали во облик на ситни зашиени цветови, на Меланија и стоела совршено, а високите стилето штикли со светки го дополниле ефектот.
Инаку, станува збор за шестата официјална средба на американскиот претседател и јапонскиот премиер: овојпат за дводневен состанок во летната резиденција на американскиот претседател Мар-а-Ларго на Флорида, Северна Кореја била една од темите на посетата.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …