(ФОТО) Увертира во скорешната церемонија: Меган Маркле конечно се покажала во венчаница!

Еден месец пред венчавката со принцот Хари, Меган Маркле блеснала во венчаница, на малите екрани. Големата венчавка на популарните ликови од серијата „Suits“ многу обожаватели ја дочекале со воодушевување…
Низ странските медиуми со брзина на светлина се прошириле фотографиите од епизодата која ќе се прикажува наредната недела. Тогаш ликот на Рејчел Зејн, кој го отелотворува Меган Маркле, ќе го рече судбоносното „да“ на колегата Мајк Рос, кого го игра Патрик Џ. Адамс.
ВО прекрасната бела венчаница Меган чекори кон својот избраник во волшебно декорираниот простор додека околу нив се соработниците, пријателите и семејството.


Ваква сцена гледачите чекале цели седум сезони, но таа во исто време е и тажен крај. Тоа ќе биде воедно последна сцена која ја снимила убавата Американка бидејќи поради љубов со британскиот принц Хари се откажала од кариерата и ја напуштила серијата која ја прославила.

Ваквиот крај на седмата сезона многумина го дочекале со воодушевување бидејќи сега се уште понетрпеливи поради венчавката на 36. годишната глумица.


На 19. мај точно на пладне Маркле во дворецот Виндзор, блиску Лондон, ќе стане сопруга на принцот Хари и полноправна членка на британското кралско семејство.


За фустанот кој Меган го носела во серијата заслужна е американската дизајнерка Ен Берџ и на популарната глумица изгледа сензационално.

Кој ја креирал венчаницата во која за неколку недели со Хари ќе оди пред олтарот сеуште е голема тајна, но модните инсајдери нагаѓаат дека најверојатно станува збор за Ердем Моралиоглу, канадски дизајнер со турски корени.

Тој во 2005. годиан го основал брендот „Ердем“ кој минатата годино остварил соработка со „H&M“, што според мислењето на многумина е една од досега најуспешните соработки на популарниот уличен бренд.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …