(ФОТО) Во светот се регистрирани повеќе од милион и пол случаи на заразени со корона вирус: Опоравени се 332.993 лица

Во Соединетите Американски држави има најмногу заразени – 438.592 лица.
Во светот се забелеани 1.518.454 случаи со корона вирус, починале 88.489, а опоравени се 332.993 лица, според статистиката на Woldometers.
Најмногу заразени во Америка
Во Сад има најмногу заразени – 435.592 лица, потоа следат Шпанија – 148.220 (14.792 починати), Италија – 139.422 (17.669 починати), Германија – 113.460 (2280 починати), Фреанција – 112.950 (10.869 починати)…
Америка е втора по бројот на жртви починати од корона вирус -14.833


Бројот на починати од корона вирус во САД се искачи на 14.833, а земјата е рангирана на второ место во светот, веднаш зад Италија.
Американските власти ги предупредија Американците дека очекуваат алармантни статистики за епидемијата на коронар вирус оваа недела, иако референтниот модел на американскиот универзитет ја намали прогнозата за смртност за 26. проценти, или на вкупно 60.000.
Сепак, во вторникот беше забележан рекорден, дневен број на смртни случаи – повеќе од 1.900 мртви за еден ден.
На 20. март, државата Њујорк им нареди на сите свои граѓани да останат во своите домови, освен оние што се вработени во виталните индустрии, а денес, повеќе од 94. проценти од жителите на САД се должни да го сторат тоа.
РЕГИОН
Словенија – 1091
Хрватска – 1.343
Србија- 2.666
БИХ – 804
Црна Гора – 248
Македонија – 617
Бугарија – 593
Грција – 1.884
Албанија – 400

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …