(ФОТО) Во домот на Мајкл Даглас морала да интервенира полиција и Брза помош

Веќе некое време се пишува дека славниот актер Мајкл Даглас има проблеми во бракот со сопругата Кетрин Зета Џонс. Овој пат во нивниот дом морале да интервенираат брзата помош и полицијата, пренесува списанието In Touch Magazine.
Наводно, сето тоа се случило во нивниот дом во Ирвингтон, Њујорк. Според нив, помошта на полицијата и брзата помош не можела да се избегне.
„Луѓето внатре во куќата беа загрижени за здравјето на Мајкл затоа што тој се однесуваше чудно и чувствуваше дека му треба медицинска помош“, изјавил неименуван извор пред да спомене дека бракот на sвездата со Кетрин се распаѓа.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Zeta-Jones (@catherinezetajones)


Тие исто така забележале дека актерот не е во добра форма кога станува збор за неговата ментална состојба. Медиумите сè уште не добиле детали за тоа што точно се случило. Се шпекулира дека карантинот предизвикан од пандемијата на вирусот корона и нанел штета на нивната љубов.
За неговата состојба се зборуваше и неодамна, кога пријателите станаа загрижени за можното враќање на алкохолот. Имајќи предвид дека еднаш се борел со рак на грлото, и без такви тешки ситуации, неговото здравје не е во најдобра состојба. Сега пријателите се загрижени дека тој може да се врати на алкохолот, поради што во 1992. година морал да оди на одвикнување.
Иако се повеќе се зборува за брачните проблеми, тие сепак изгледаат среќни во јавноста.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …