(ФОТО) ВО 7-МА ДЕЦЕНИЈА СЕ СОБЛЕКЛА ВО ТОПЛЕС И ГИ СРУШИЛА МРЕЖИТЕ: Без срам ги покажала градите, тоа го може само ЖЕНА полна со самодоверба

Шерон Стоун покажала што значи сексипилност и самодоверба
Холивудската актерка Шерон Стоун покажа како се носат годините, и ја оправда титулата за најсекси жена. Порано мажите лудуваа по неа, а како што минуваат годините актерката изгледа се подобро и посамоуверено.
Шерон овој пат ги избезуми своите следбеници на Инстаграм споделувајќи провокативна фотографија со која уште еднаш покажа што значи да се биде жена која е свесна за себе и која ги обожава своите години.
Актерката има 64. години, а многумина и честитаат на храброста, бидејќи се осмелила да се соблече топлес и да го овековечи тој момент со фотографија.

 


 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


На фотографијата покрај згодното тело се гледа и широка насмевка која плени и покажува колку Шерон ужива. Луѓето се воодушевени од нејзиниот изглед и храброст, а фотографијата ја опсипаа со коментари.
– „Жив оган“, „Икона на сексапилот“, „Легенда“, „Убава жена“, „Убава си, како и секогаш“, „Сè уште си динамит“, „Толку природна, толку убава жена“, – се само некои од коментарите.
Дека актерката е и тоа како свесна за себе, говори и фактот кога неодамна изјави дека во текот на 90-тите, покрај неа, само принцезата Дијана била толку обожавана и позната, а дека е „жешка роба“.


„Станавме славни во иста генерација. Каде и да отиде некој познат, како Дијана или јас во тоа време, ќе се појават стотици или илјадници луѓе. Така, ако одев во ресторан, додека почнав да јадам, се собираа стотици луѓе пред ресторанот“, рекла таа.
Таа доживеа голема популарност по филмот „Ниски страсти“ по кој сите ја познаваат. Тешко е да се заборави сцената во која Шерон заводливо ги прекрстува нозете.
Шерон отсекогаш нагласувала дека не и е грижа за годините, додека во едно интервју открила дека прифаќањето на себе си и фактот дека старееш е процес и дека во тоа се вложува многу труд на себе.

„Толку сум благодарна за моето тело. Кога бев помлада сите ми кажуваа што не е во ред со тоа – ова или она. Сега почнав да сфаќам дека го претпочитам ставот на жените во Европа кои стануваат поубави со годините и кои го разбираат дека жените се поубави од девојчињата затоа што имаат мудрост“, изјавила Шерон.
„Сега се чувствувам посигурна од кога било. Го научив тоа многу порано. Не сакам да изгледам помладо, сакам да бидам жената која изгледала најдобро на нејзина возраст. Секоја жена треба да стигне до таа фаза кога може гордо да каже, горда сум на тоа што сум“, објаснила таа еднаш.

Фото: editorial images

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …